Новости PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 05 Март 2012 00:00

Извор: novamakedonija.com.mk

Олдтајмер-табличка ќе добијат возилата произведени пред најмалку 35 години, со што го имаат статусот на експонати со музејска вредност. На нив ќе ја има националната ознака „МК“, регистарски број составен од четири броја, ознака „Н“ и вертикално поставен бројот „35“

 



Сопствениците на стари возила што го имаат статусот на олдтајмери со своите љубимци на патиштата ќе крстосуваат со посебни регистарски таблички од вообичаените. Дизајнираните таблички за постари возила се уште една новина што ја пропишува новиот правилник според кој од почетокот на оваа недела почнаа да се издаваат новите „европски“ регистрации.

Олдтајмер-табличка ќе добијат возилата произведени пред најмалку 35 години, со што го имаат статусот на експонати со музејска вредност.

Комбинацијата од броеви и букви на табличките е испишана со посветла сива нијанса, за разлика од црната варијанта на класичните, и имаат дополнителни симболи, кои се непроменливи. На нив ќе стојат: националната ознака „МК“, регистарски број составен од четири броја, ознака „Н“, која не е променлива, и вертикално поставен бројот „35“.

 Истото важи и за мотоциклите произведени пред 35 или повеќе години.

Табличките со дизајн по желба на самите сопственици уште првиот ден го разбудија интересот кај граѓаните. Некои веќе се распрашуваат за условите, но за првата дизајнирана табличка ќе почекаат да помине процедурата, која е подолга. Нејзиното издавање го аминува лично министерот за внатрешни работи, со свој параф на одобрувањето. За ова задоволство ќе треба да се плати 1.200 евра, а табличката со име ќе може да се носи седум години, по што се обновува целата процедура.

- Граѓанинот што сака дизајнирана табличка аплицира со посебно барање, на кое ја наведува содржината што сака да биде испечатена на табличката. Потоа барањето се разгледува комисиски, за да се види дали содржината не е навредлива, неетичка или, пак, веќе е издадена табличка со иста таква. На крајот барањето го парафира министерот за внатрешни работи - објаснуваат од МВР.

Фраерската табличка, според прописите, може да стои само на предниот дел од возилото, додека задната е обична, заради евиденција во МВР. Предната и задната табличка исклучиво одат заедно и дизајнираната во никој случај не може да биде прикачена на друго возило.

И фраерската табличка е заведена во регистарот на МВР.

Засега новите таблички се издаваат само во управните служби на МВР во Скопје, а од идната недела треба да се издаваат и во другите градови во земјава.

Посебни регистрации и посебни регистрациони подрачја, според новиот правилник, ќе оформат и градовите Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга.

- Новите регистарски таблички сé уште не сме ги добиле и очекуваме да пристигнат и да почнеме со издавање од почетокот на идната недела - вели Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.

За повеќе кликни тука!

 

Собир на Буба КлУБ Македонија на Водно

 

По трет пат годинава Буба Клуб Македонија организираше собир на членовите на Клубот на Водно поточно на паркингот од Хотелот Водно.Како и до сега имавме можност и чест да ги видиме легендарните буби во различни бои и различни изведби.Според изјавата на подпредседателот на клубот поводот на овој собир за разлика од двата предходни е дружење и забава со членовите и симпатизерите.Клубот веке подготвува програма на собири за 2012 година во која ке има многу новини и настани. Како што веке изјавија некои новинари од медиумите потегот на Буба Клуб Македонија е за пример и пофалба со надеж дека ке имаме и други клубови на олдтајмери.