За нас

Во минатото постоеле повеке иницијативи за создавање на клуб за фановите на легендарната буба, но од непознати причини, а можеби и заради неорганизираност не се формирал клуб. По иницијатива на првиот Председател на клубот Благоја и Вили покрената е идеја за создавање на таков клуб на овие простори. Земајки во предвид дека секаде во регионот и пошироко постојат вакви клубови, дојдовме до заклучок дека и кај нас треба да се оформи таков клуб кој ке ги собере и обедини сите фанови и соптвеници на легендарната буба во еден професионален клуб.

Клубот е основан во март месец 2010 година. Има Свој статут свои симболи и знаме. Првиот собир на Буба Клуб Македонија е одржан на 17.04 2010 година на кои присуствуваа сопственици, а сега веќе и членови од повеке градови од Републиката. Тој ден е прогласен официјално како клубски ден, ден на основањето, отпочнувањето и функционирањето на  Буба клуб Македонија.

Клубот има бројно членство низ сите градови на Републиката. Организирано како тело функционира во повеке градови преку своите председатели на ограноци.

Во 2010 година организираше вкупно 7 собири низ градовите на Републиката, на кои се вршеше презентација на клубот и придобивките од заедничкото членување во клубот.

Клубот во иднина ке организира повеке собири и манифестации на кои сите ке се дружиме и ке ги споделуваме убавите моменти на едно што сите нас не поврзува а тоа е бубата.


Дојдете да се дружиме и  бидете дел од легендата.

 


Ве очекуваме,

КИВ “Буба Клуб Македонија”

www.facebook.com/bubaklubmkd

Последно освежено на Вторник, 19 Март 2019 20:42