Во триесетите години на минатиот век економската криза го тресеше светот,а Германија се подготвуваше за војна.Во тој период заради пропаганда и социјален мир дома ,Адолф Хитлер наредува развој на тн Народно возило по што и фабриката го добива името(Фолксваген).Производството во 1933 година е доделена на фирмата НСУ која што во тоа време исклучиво работела на производство на мотоцикли, а за дизајнот и конструкцијата на првиот Германски народен автомобил задолжен е др.Фердинанд Порше

Истата година изработен е прототип наречен НСУ Тип 32, три работни верзии од серијата В3.

1936 година се финализира предсеријата ВН 30(Тип 60), а контурите на идната легенда веке беа видливи.Возилото го движи четрицилиндричен боксер мотор со зафатнина од 985 цм3 и 22КС,што беше доволно за максимална брзина од 100 км/х И потрошувачка од 8-10 литри на 100 км

По крајот на 2 светска војна , на разорената Германија и требаше економски подем,а логичното решение беше да заживее авто индустријата и веќе 1945 година стартува масовното производство на воениот модел ВН 51 прилагоден за цивилна употреба.Мотор од 1.131 цм3 и 25 КС важеше за неспоредив ( што навистина и беше). Производството се зголемуваше со години , а автомобилот од ден во ден стануваше похаризматичен.Благодарение на симпатичниот изглед постепено навлегуваше под кожата на купувачите кој ги имаше се повеќе.Освен во Татковината, својата најголема популарност бубата ја доживеа во САД, И тоа во 60-те години.Бубата подеднакво ја сакаа и невработените и милионерите,рудари и директори,како млади и стари.Хипиците бубата ја доживуваа како свој симбол, на улиците можеше да се видат илјадници примероци на буби обоени во најлуди боји, прошарани со цвеќе и симболи на мирот.Од тој период датираат и неколку урбани легенди како онаа со жената на која бубата и застанала, а кога ја отворила предната хауба незнаејки во што е дефектот извикнала “ Луге па мене ми го украле моторот”.

Со Завршетокот на производството на бубата и форсирањето на неговиот наследник Голф 1 страсните фанови тоа го сметаа за светогрдие и останаа верни на старата верзија.На другите пак им се чинеше дека бубата е преспора и недоволно атрактивна со што ја модифицираа до најситни детали.Парите кој што беа вложени во редизајн и шминкање на овие возила на сопствениците десетици пати им се вратил во вид на автомобил кој што ама никаде не можеше да мине незабележлив.Секако, врвен фетиш на секој сопственик беше вградување на оргиналниот Порше мотор.

Во 1999 година започнаа подготовки за избор на автомобил на 20 век. На истиот избор учествуваа новинари од целиот свет и за жал од чисто политички причини, бубата заврши на четврто место , зад Форд Т, Мини Морис И Цитроен ДС (Жаба), а пред сонародникот Порше 911. Очигледно е дека нејзиниот идеен творец ,Адолф Хитлер, сепак беше преголема коска во грло за многумина кои не можеа да дозволат да неговото дело се слави на начин кој, за многумина заслужува.Исто така мора да се каже дека на просторите на бившата Југославија , така да и кај нас се уште можат да се најдат голем број на добро сочувани примероци.Готово да нема место на планетата во кој не постои клуб на обожователи на бубата, чија цел е собирање ,запознавање и мегусебна размена на искуства

Ако може да се рече дека никогаш нема да излезе од модата,дека никогаш нема да излесе од срцата на многумина, дека секогаш ке измами нечии осмех, дека ке пружи толку задоволство само со својата појава, или пак дека е едноставно вечен, тогаш дефинитивно тоа е бубата.Вечен ,едноставен, неповторлив автомобил.Најкратко кажано најголемата гордост на автомобилската индустрија во историјата. Симбол на мирот и генерациите.Легенда која што засекогаш ке живее.