Mедиуми PDF Печати Е-пошта

Извор: amsmklubmobiliti.mk

Одбележан денот на Volkswagen (Beatle) „буба“

КАРВАН ОД НАД 30 ОЛДТАЈМЕРИ НИЗ УЛИЦИТЕ

На 19.6.2011 година во Скопје беше одбележана 77-годишнината од производството на култниот модел на Volkswagen – „буба“ – симбол на мирот, слободата и на љубовта, модел со кој растеа и живееја голем број генерации. Синхронизирано, речиси истовремено со сите светски метрополи, во глобалната прослава се вклучи и Скопје. Благодарение на „Буба клуб Македонија“, во соработка со „Porsche Македонија“, генерален застапник за брендот Volkswagen, беше организиран карван со триесетина „буби“ чии горди сопственици од сите краеви на државата го разубавија топлото неделно попладне во Скопје. Случајните минувачи беа воодушевени од убавата слика што ја создаваше колоната олдтајмери, постојано ги поздравуваа и ги фотографираа автомобилите. На почетокот на парадата возеа двата најстари модела на Volkswagen „буба“ од 1967 година, стари по 44 години, па следуваа моделите од седумдесеттите години. Последни во карванот беа две „буби“ во кабриолет изведба. Добро средените олдтајмери уште еднаш потсетија на издржливоста, квалитетот, беспрекорната изработка и на безвремениот дизајн на автомобилите од брендот Volkswagen. Добра вест е тоа што за многу кратко време на македонскиот пазар ќе биде достапна „бубачката на XXI век“, т.е. најновата генерација на Volkswagen Beatle („буба“).

За повеќе, кликни тука!

 

Извор: Vozi.com.mk, 21.06.2011

Одбележан светскиот ден на „Бубата”

Годинава легендарната Буба на Volkswagen ја одбележа 77 годишнината од своето постоење, а големиот јубилеј кој се прославуваше низ целиот свет го прославивме и во Македонија.

buba-77-godini-proslava-mkd-1-2011-1

Датумот 19 јуни се смета за Светски ден на „Бубата” која како идеја за првпат оживеа и доби зелено светло за производство токму на овој ден во далечната 1934 година пред точно 77 години.

Кај нас светскиот ден на бубата се одбележа како и секаде во светот со што нашата држава се приклучи кон прославата и стана дел од светското семејство на безвременскиот модел кој како да е создаден од жива материја и има душа.

 

Преку 30 дотерани „Буби” стоеја изложени на паркингот пред кафулето Road House од каде заедно со гордите сопственици тргнаа да парадираат низ улиците на Скопје привлекувајќи ги погледите и оставајќи порака дека овој модел ќе живее вечно.

За повеќе кликни тука!

 

 

Извор: Сител ТВ, 19.06.2011.

Одбележан денот на Фолксваген Буба

Старата Фолксваген Буба сеуште атрактивна. Љубителите на култниот автомобил од шеесетите повторно се собраа да го одбележат најзначајниот ден од историјата на старата бубачката.

Организаторите велат дека реставрацијата на овие автомобили во последните години зема се поголем замав, па истите, но малку дотерани, се почесто крстарат по нашите патишта.

За разлика од западните земји каде реставрацијата на стари автомобили е натпревар на умешноста и следење на одредени стандарди, кај нас олдтајмерите се само хоби. Преправката поради немањето делови трае со години и може да чини до 15 илјади евра.

За повеќе кликни тука!

 

 

Извор Tocka.com.mk, 19 Јун, 2011.

Парада на фолксваген – бубата

Клубот на сопственици и обожаватели на легендарната фолксваген-буба „Буба клуб Македонија“ постои малку повеќе од една година. Досега организираа осум мотособири по различни поводи, а во текот на денешниот ден, веќе втора година по ред, ќе го прослават 22 јуни, светскиот ден на бубата. На тој начин клубот влегува во големото семејство на Буба-клубови од целиот свет.

За повеќе кликни тука!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Извор: МРТ Вести

Парада на фолксваген – бубата

Парада на фолксваген – бубата

По повод Светскиот ден на фолксваген-буба, скопскиот „Буба клуб Македонија“ денес ќе одржи мотособир.

Клубот на сопственици и обожаватели на легендарната фолксваген-буба „Буба клуб Македонија“ постои малку повеќе од една година. Досега организираа осум мотособири по различни поводи, а во текот на денешниот ден, веќе втора година по ред, ќе го прослават 22 јуни, светскиот ден на бубата. На тој начин клубот влегува во големото семејство на Буба-клубови од целиот свет.

Денешниот собир ќе се одржи со почеток во 12 часот во ресторан-барот „Роуд хаус“, кој се наоѓа во Визбегово, на излезот од Скопје кон границата со Косово. Во текот на денот клубот ќе организира парада на буба-возила низ градот Скопје.

 

Извор МРТ Вести за повеќе информации.

Кликни тука !

Последно освежено на Петок, 27 Јануари 2012 18:48